СОВЕТУВАЊЕ на тема „Финансиски истраги и конфискација на имот“

Академијата за судии и јавни обвинители ,,Павел Шатев” и ГИЗ Глобалната програма за сузбивање нелегални текови на пари,  ја продолжуваат соработката во делот на водење финансиски истраги и конфискација на имот. Соработката е започната со цел исполнување на обврските од Акцискиот план за спроведување на „Стратегијата за јакнење на капацитетите за водење финансиски истраги и конфискација на имот 2021-2023“.

Во рамките на оваа соработка ќе се реализацира советување на тема Финансиски истраги и конфискација на имот“ кое ќе се одржи во период од 5 до 6 јули 2022 година во Охрид.

Советувањето е наменето за судии од кривични оддели и јавни обвинители од сите апелациони подрачја а на истото предавач ќе биде м-р Бетим Јахја, судија во Основен суд Тетово.

За повеќе информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академија задолжено за организација на следната е-маил адреса mamudije.ibraimi@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-569.

  • Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

Leave a comment

You must be logged in to post a comment.