Советување на тема: „Екстрадиција и екстрадиционен притвор – меѓународни акти и национално законодавство“ (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев организира онлајн советување на тема: „Екстрадиција и екстрадиционен притвор – меѓународни акти и национално законодавство“ кое ќе се одржи на 21 февруари 2022 година, преку ЗООМ платформата со почеток во 11:00 часот.

На советувањето свои излагања ќе имаат г-а Билјана Коцевска, судија во Основен кривичен суд Скопје и г-а Гордана Милевска, раководител на одделение за меѓународна правна помош во кривична материја во Министерството за правда на РСМ.

За повеќе детали во врска со советувањето Ве молиме да го контактирате лицето од Академијата задолжено за организација на е-маил адресата: Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk

Агендата за согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете на следниот линк:

Програма-21.02.2022