Онлајн обука Добри практики на анализа на ревизорски извештаи и улогата во доброто управување и борбата против корупцијата (Demo)

Во рамки на проектот „Јакнење на капацитетите на институциите во борба против корупцијата“, Академијата за судии и јавни обвинители, УСАИД и Транспаренси интернешнел Македонија организираат онлајн обука на тема: Добри практики на анализа на ревизорски извештаи и улогата во доброто управување и борбата против корупцијата, која ќе се одржи на 27 мај 2021 година.

Излагања поврзани со темата на обуката ќе имаат: д-р Слаѓана Тасева, претседател на Транспаренси интернешнал, г. Владо Георгиев, член на Комисијата на Државната комисија за спречување на корупција, г-а Ленче Ристовска, јавен обвинител во Основно јавно обвинителство Скопје, г-а Ивана Трајчева, јавен обвинители во Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

Агендата согласно која ќе се одвива онлајн обуката можете да ја преземете тука.