
Во рамки на Каталогот за обуки за 2025 година, Академијата за судии и јавни обвинители ортанизираше советување наменето за судиите од граѓанските оддели од сите инстанци и од сите апелациони подрачја на тема: „Определување на надомест за одземено земјиште од владение без акт за експропријација“.
Советувањето се одржа во Академијата за судии и јавни обвинители, на 24 септември 2025 година, а свои излагања имаа: проф.д-р Родна Живковска, професор на Правен факултет „Јустинијан Први„ при УКИМ, г-а Taтјана Сусулеска, судија на Апелационен суд Битола и г-н Горан Нациќ, адвокат
Потреба за реализација на ова советување е поради се почестата практика од страна на управните органи да вршат реализација на деталните урбанистички планови без при тоа да сочекаат донесување на акт за експропријација. Оваа практика создава сложени правни ситуации во кои сопственикот на земјиштето го губи владението заради реализацијата на Планот, во јавните книги останува и понатаму сопственик на земјиштето и не е обештетен во законита постапка. Се поставува прашањето до каде се простира надлежноста на граѓанските судови во овие спорови и кои видови на тужби можат да бидат искористени во насока на конечно решавање на истите.