
Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2023 година организира советување на тема: „Алтернативни мерки со посебен акцент на мерките на засилен надзор и нивно извршување со примената на законот за пробација “, кое е предвидено да се одржи на 22 јуни 2023 година (четврток), во просториите на Академијата-Ламела 3, со почеток од 10:00 часот.
Советувањето е наменето за судии од кривични оддели и јавни обвинители од сите апелациони подрачја и стручни соработници од сите апелациони подрачја, а истото ќе го спроведат: м-р Бетим Јахја, судија на основен суд Тетово и г-а Емилија Василевска, Виш соработник за надзор над извршување, Управа за извршување на санкциите- Министерство за правда на РСМ.
За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академија задолжено за организација на следната е-маил адресата: Gordana.Lazarevska@jpacademy.gov.mk.
Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.
Работни материјали: