Академијата за судии и јавни обвинители во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје на 3 и 4 декември 2025 година спроведе обука на тема „Судир на интереси/ Антикорупциски мерки и етиката во судската и јавнообвинителската служба“, со која е опфатена судската и јавнообвинителската служба.
Обуката ја спроведоа судија Лидија Петровска и јавен обвинител Сања Бурјакоска Китановска.
Обучувачите на присутните им го презентираа: концептот на судир на интереси во судството и јавното обвинителство, националната правна рамка и инструментите за спречување на судир на интереси, антикорупциските мерки во правосудниот систем, а во последниот работен дел се осврнаа и на етиката и професионално однесување.
Целта на обуката беше преку практични вежби и примери да се идентификуваат и ефикасно да се управува судирот на интереси и можни коруптивни однесувања.

