Вкрстено поврзување

на членовите од националното законодавство со членовите и стандардите на меѓународните инструменти за заштита на човековите права

Член 35

Критериуми за прифатливост

  1. Судот може да прифати случај само откако ќе бидат исцрпени сите домашни правни средства, врз основа на општо прифатените принципи од меѓународното право и во рок од четири месеци сметано од датумот на кој е донесена конечната интерна одлука.
  2. Судот нема да прифати никаква индивидуална жалба поднесена врз основа на членот 34, кога
    • жалбата е анонимна; или,
    • кога во суштина е иста како и жалба што Судот претходно ја разгледувал или веќе ја доставил до друга меѓународна истражна или судска инстанца, и доколку не содржи нови факти.
  3. Судот нема да прифати никаква индивидуална жалба доставена врз основа на членот 34, ако оцени дека:
    • жалбата е неспоива со одредбите на Конвенцијата или со нејзините протоколи, ако е очигледно неоснована или ако со неа се злоупотребува правото на индивидуална жалба, или
    • подносителот не претпрел значителна штета, освен доколку почитувањето на човековите права како што се дефинирани во Конвенцијата или нејзините протоколи бара разгледување на жалбата според заснованоста.
  4. Судот ќе отфрли секаква жалба што ја смета за неприфатлива врз основа на овој член. На тој начин Судот може да постапува во било кој степен на постапката.
Членови од законот на националното законодавство на кои се применува членот од конвенцијата
  • Устав на Република Северна Македонија
Релевантни случаи