Работилница за компјутерски криминал и дигитални докази

DSC_2731-29

На 2 и 3 декември, во Виена – Р. Австрија, во организација на CRDF Global кои обезбедуваат сеопфатни и одржливи програми за сајбер-безбедност кои ја зајакнуваат критичната инфраструктура во институциите на меѓународно ниво, беше одржана работилница за дијагностицирање на проблемите во правосудниот сектор во врска со компјутерскиот криминал и дигиталните докази.

На работилницата учествуваа претставници од  шест држави од Западен Балкан, меѓу кои и од Република Северна Македонија, во состав на судија Лидија Петровска од Основен кривичен суд Скопје, јавен обинител Стевчо Биноски од ОЈО Прилеп и јавен обвинител Виолета Милчовска од ОЈО Струмица. На работилницата се истакна потребата од актуелизирање на оваа тема и унапредување на наставните програми како во почетната така и во континуираната обука на судиите и јавните обвинители. На работилницата се отворија и значајни прашања за напредок и ефикасна соработка во откривањето на компјутерскиот криминал помеѓу државите од Западен Балкан, што е од особено значење за успешно водење на истрагите и гонењето на сторителите на овој вид криминалитет, кој е во се поголем подем на како на национално, така и на меѓународно ниво.