Академијата за судии и јавни обвинители организираше обука на тема: „Злоупотреби на процесните овластувања во кривичната постапка“ која се одржа на 14 мај 2026 година, во просториите на Академијата.
Обуката беше наменета за судии од кривичните оддели во судовите и за јавни обвинители од сите апелациони подрачја, а истата ја спроведоа: Славица Темелковски, јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Велес и Васка Николовска Масевска, судија на Основниот кривичен суд Скопје.

Целта на обуката беше да се согледаат злоупотребите на процесните овластувања во текот на кривичната постапка од сите учесници во постапката, низ призма на практичните искуства, поради што истата имаше интерактивен карактер. Посебен акцент беше ставен на размената на искуства и практики за спречување на злоупотребите на процесните овластувања, како и на улогата на судијата во ефикасното раководење со главната расправа. Преку анализа на конкретни ситуации и примена на процесните механизми за спречување на одолговлекување на постапките, учесниците ги унапредија своите знаења и вештини за обезбедување поефикасно и поефективно водење на кривичните постапки со цел навремено и законито остварување на правдата.

