УНОДЦ (UNODC) ја продолжува работата во борбата против трговијата со огнено оружје во Западен Балкан преку Проектот Justitia

FB_IMG_1703498540793

На 14 декември 2023 година, Канцеларијата на ОН за дрога и криминал (УНДОЦ) го лансираше Проектот Justitia, иницијатива за кривична правда насочена кон спротивставување на организираниот криминал и недозволената трговија со огнено оружје во Западен Балкан за да се подобри ефикасноста на системот на кривичната правда во регионот.

Академијата за судии и јавни обвинители е еден од клучните партнери со кои ќе се реализираат проектните активности. На овој настан Академијата ја претставуваше државната советничка, м-р Сања Пандилов.

Имено, проектот Justicia се надоврзува на претходната работа на УНОДЦ од 2020-2023 година, примарно фокусирајќи се на подобрување на законодавството и зајакнувањето на капацитетите на судството, обвинителството и за спроведување на законот. Во неколку јурисдикции беше забележан напредок: Северна Македонија и Црна Гора ги ревидираа своите кривични закони со цел да се усогласат со Протоколот на ОН за огнено оружје. Во меѓувреме, Албанија, Босна и Херцеговина (БиХ) и Србија бележат напредок во развојот на драфт одредби за реформите во легислативата. Работата на УНОДЦ исто така резултираше и со унапредување на вештините на практичарите од кривичното право во истрагата и гонењето на трговија со огнено оружје. Ова вклучуваше и обука во области како идентификација на огнено оружје, собирање на електронски докази и следење на огнено оружје, со обучени 281 професионалец и платформа за размена на најдобрите практики помеѓу 214 експерти. Работата на УНОДЦ се фокусираше и на аспектите од кривичната постапка, вклучувајќи ја и употребата на посебните истражни мерки во огнено оружје и случаи на организиран криминал. Дополнително, УНОДЦ ја нагласи важноста на конзистентните судски практики во случаите на трговија со огнено оружје преку развивање на шест колекции на судска практика за огнено оружје

Во Северна Македонија УНДОЦ воспостави соработка со Академијата за судии и јавни обвинители развивајќи партнерство за континуирана обука на јавните обвинители преку национални водичи за истраги за случаи поврзани со огнено оружје кои беа развиени во соработка со Академијата во текот на 2023 и се базираат на УНОДЦ глобалните водичи. Глобалните водичи ќе се користат и за новите кандидати за јавни обвинители во општиот курикулум додека националните водичи ќе им служат на постоечките јавни обвинители кои сакаат да го унапредат своето знаење во специфична област од криминалот поврзан со огненото оружје. За времетраењето на проектот Justitia  националните водичи ќе се ажурираат во согласност со новите измени на Кривичниот законик.

 

За период 2024-2025 проектот Justitia наведе јасни цели. Тие вклучуваат јакнење на капацитетите на институциите за кривично право да подготвуваат ефективни закони, да спроведуваат темелни истраги и да ги  гонат случаите кои вклучуваат организиран криминал и недозволено огнено оружје. Планираните активности опфаќаат организирање на состаноци за усогласување на законодавството, развивање курсеви за боука и поддршка на примената на посебните истражни мерки. Соработката со правосудството е значајна компонента од овој проект и овозможува континуирана работа на суската пракса за огнено оружје, хармонизација на судските практики притоа имајќи ги предвид стандардите за човековите права.

Со проектот Justitia УНОДЦ прави значаен чекор кон адресирање на предизвиците во трговијата со оружје и организираниот криминал во Западен Балкан, во насока на постабилен и побезбеден регион.