Советување на тема „Слободен пристап до информации од јавен карактер/SLAPP тужби кон новинари”

logo_asjo_news_mk

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2024 година,  организира  советување на тема „Слободен пристап до информации од јавен карактер/SLAPP тужби кон новинари“ кое ќе се одржи на  16 февруари (петок)  2024 година oд 10:00h, со физичко присуство, во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители, Ламела 3.

Советувањето е наменето за судии, јавни обвинители и стручни соработници од сите судови и јавни обвинителства на РСМ.

Предавачи на советувањето ќе бидат м-р Дитурије Елези Незири, судија на Управен суд и г-н Петар Гајдов, претставник од Агенција за заштита на правото за слободен пристап на информации од јавен карактер

За дополнителни информации Ве молиме контактирајте го лицето од Академијата задолжено за организација на: е-маил адреса mamudije.ibraimi@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-569.

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

Работни материјали:

1.Презентација 1