СОВЕТУВАЊЕ на тема: „Комуникациски вештини – односи со јавност“

logo_asjo_news_mk

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема: „Комуникациски вештини – односи со јавност“, кое ќе се одржи на 12 март 2024 година (вторник), во просториите на Академијата-Ламела 1, со почеток од 10:00 часот.

Советувањето е наменето за судии, јавни обвинители,  портпароли и стручни соработници од сите апелациони подрачја.

Предавач на советувањето ќе биде д-р Јасна Бачовска Недиќ, вонреден професор на Правниот Факултет „Јустинијан Први“- Скопје.

За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето Академија задолжено за реализација на следната е-маил адреса: Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk.

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.