РАБОТИЛНИЦА на тема: „Информираност за сајбер хигиена “

logo_asjo_news_mk

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во соработка со ИПА проектот: „Владеење на правото во Република Северна Македонија со поддршка на ЕУ“ организираат работилница на тема: „Информираност за сајбер хигиена“, која ќе се одржи на 02 февруари 2024 година (петок), во просториите на Академијата-Ламела 1 (сала за состаноци), со почеток од 09:00 часот.

Работилницата е наменета за обука на информатичарите од Врховниот суд на РСМ, Апелациониот суд Скопје, Основниот кривичен суд Скопје, Основниот граѓански суд Скопје, Основниот суд Крива Паланка, Апелациониот суд Битола, Основниот суд Охрид, Основниот суд Струга и Основниот суд Тетово, во рамките на програмата „обука за обучувачи“.

Целта на оваа работилница е овие лица подоцна да можат да ги обучат сите вработени во судовите и јавните обвинителства за оваа исклучително безбедносна важна проблематика.

Работилницита ќе ја спроведе г-н Кирил Ќироски, експерт за ИКТ од ИПА Проект: „Владеење на правото“.

За дополнтелни информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академијата задолжено за организација на следната е маил адреса:

Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.