Академијата за судии и јавни обвинители, со поддршка на Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор (ДЦАФ), со голем гордост ја одбележува конференцијата што се одржа на 26 мај 2026 година, на која официјално беше промовирана „Анализата за примената на посебните истражни мерки (ПИМ) во Република Северна Македонија“.
Настанот обедини клучни чинители – судии, јавни обвинители, раководители на институции и меѓународни партнери – кои преку динамична панел-дискусија ги отворија следните клучни прашања:
Неопходниот баланс помеѓу ефикасната кривична истрага и апсолутната заштита на човекови права.
Системските предизвици, институционалната координација и влијанието на современите технологии врз истражните алатки.

Практични препораки за усогласување на домашните судски практики со европските стандарди.
Безбедноста и правдата никогаш не треба да бидат во спротивност со човековите права. Тие мора да одат рака под рака.
Упатуваме голема благодарност до сите панелисти, учесници чија експертиза и несебична поддршка го овозможија издавањето на оваа публикација. Продолжуваме да работиме заедно кон посилни институции и потранспарентно, независно и праведно општество.
Оваа активност е дел од Програмата за реформи во разузнавачкиот и безбедносниот сектор на ДЦАФ 2021-2026

Линк до анализата: https://jpacademy.gov.mk/wp-content/uploads/filr/10301/applicationSIM-NorthMacedonia.pdf

