
Почитувани кандидати за слушатели за прием во IX-та генерација слушатели во почетна обука во Академијата за судии и јавни обвинители,
Ве известувамe дека подготвителна настава за сите пријавени кандидати на Јавниот оглас ќе се одржи во просториите на Правниот факултет „Јустинијан Први“ Скопје на ден 25.03.2023 година (сабота). Кандидатите се поделени во две групи и тоа:
Прва Група – Слушатели со архивски број на пријавата од 1 до 260 (од 10:00 до 13:10 часот) и
Втора Група – Слушатели со архивски број на пријавата 261 или поголем (од 13:30 до 16:40 часот).
Во прилог е агендата за подготвителната настава.
Ве замолувам на наставата да дојдете половина час порано од предвиденото и со Вас да ја носите испитната шифра која ја добивте при пријавувањето на јавниот оглас и лична карта или друг документ за легитимација.