
Академијата за судии и јавни обвинители во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје во период од 10 до 12 ноември 2022 година, организира обука наменета за претседателите на судовите, шефовите на јавните обвинителства и портпаролите на судовите и јавните обвинителства на тема: „Зајакнување на комуникациските вештини и вештините за односи со јавност“, која ќе се одржи во хотел „Сириус“ – Струмица.
На обуката свои излагања ќе имаат: Огнен Јаневски, главен уредник и водител во ТВ 24 и Васко Маглешов, новинар во Призма, Балканска истражувачка репортерска мрежа БИРН, Северна Македонија, а со поздравен говор ќе се обратат проф. д-р Наташа Габер Дамјановска, директор на Академијата за судии и јавни обвинители и Натиа Катситадзе, раководителка на Отсек за влдеење на правото и човекови права/Оддел за човекова димензија, Мисија на ОБСЕ во Скопје.
Целата е да се унапреди релацијата помеѓу правосудството и медиумите и на тој начин да се подобри целокупната слика за правосудството на Република Северна Македонија и да се врати довербата на граѓаните во правдата.
Агендата согласно која ќе се одвива обуката можете да ја преземете тука.