Кандидатот од Државната правосудната академија на Репбулика Франција, г-а Marqaux Masure го реализираше својот стаж во Република Северна Македонија

DSC_0476

Во рамки на соработката помеѓу Академијата и Државната правосудната академија на Република Франција (ЕНМ) кандидатот на ЕНМ, Marqaux Masure успешно го реализираше својот тринеделен стаж во Република Северна Македонија,а предмет на нејзин интерес беше еколошката средина и еколошката правда.

Имено, Академијата секоја година е домаќин на кандидатите од ЕНМ кои треба да реализираат стаж во странска држава пред да преминат во последната фаза од заокружувањето на почетната обука, по што следи нивен избор за судија или јавен обвинител во Република Франција.

Академијата согласно потребите и нивниот интерес изготвува посебна агенда и организира состаноци и работни средби во сите правосудни институции во Република Северна Македонија, други релевантни институции со кои соработува, како и со невладини организации кои професионално делуваат во областа која е од интерес на кандидатот.

За време на нејзиниот престој таа имаше можност да размени мислења со свои колеги, да ја запознае Академијата и нејзината организациска поставеност, судии и јавни обвинители кои се избрани од редот на Академијата, понатаму судии и јавни обвинители кои се дел од едукаторските и менторските тимови на Академијата, судовите и јавните обвинителства од сите инстанци во Скопје и Охрид, а воедно имаше можност да ги посети и Судскиот совет и Советот на јавните обвинители. Согласно изготвената агенда, таа оствари средби и со претставници во Министерството за правда на РСМ, Бирото за застапување на РСМ пред Европскиот суд за човекови права, Управата за извршување на санкции, при што и беше овозможена и посета на КПД Идризово, Министерството за внатрешни работи на РСМ, Адвокатската комора, Комората на нотари и Комората на извршители и две невладини организции во Скопје и Охрид.

Како и сите нејзини претходници, г-а Masure изрази голема благодарност за приемот и професионалната организација направена од страна на Академијата.

Во духот на успешно воспоставената соработка со Државната правосудна академија ЕНМ и амбасадата на Република Франција во Република Северна Македонија, Академијата ќе продолжи и во иднина да ја негува оваа пракса и да им овозможува на кандидатите од ЕНМ реализација на нивниот стаж со што ја промовира Академијата, но и сите институции кои го сочинуваат правосудниот систем на нашата држава.