Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители, на ден 17.06.2026 година (среда), во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители, со почеток во 13:00 часот, ја одржа 250-та седница на која:
- Беше усвоен Записник од 249 седница на Управниот одбор одржана на 14 мај 2026 година;
- Беше направен преглед на ангажираните предавачи во Академијата за судии и јавни обвинители, со цел следење на квалитетот на обуките, за период јануари-мај 2026 година.
- Под точка разно се задолжи директорката на Академијата, писмено да се обрати до Министерството за правда кое е предлагач на новиот Закон за Академијата за судии и јавни обвинители, да даде информација до каде е постапката за усвојувањето на овој закон.

