Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители, на ден 07.04.2026 година во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители ја одржа 247-та седница на која:
- Го усвои записникот од 246-та седница на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители.
- Изврши дополнување на листата на предавачи на Академијата за судии и јавни обвинители со нови предавачи на Академијата.
- Точката за утврдување на предавачи беше одложена за наредна седница на Управниот одбор.
- Под точката разно, директорот на Академијата до Управниот одбор достави Одлука од Судски совет на РСМ за утврдување на бројот на слободни судиски места во основните судови. Исто така, под оваа точка, директорот на Академијата за судии и јавни обвинители ги извести членовите на Управниот одбор за донесено решение од Управен суд по однос на Одлуката на Управниот одбор за поништување на јавниот оглас за прием во почетна обука број 02-428/4 од 25.12.2025, со кое тужбите и барањата за определување на времена мерка од сите тужители се отфрлени.

