Известување од одржана 242-ра седница на Управниот одбор на Академија за судии и јавни обвинители

logo_asjo_-thegem-blog-default

Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители на ден 25.12.2025 година (четврток), во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители, со почеток во 10.30 часот ја одржа 242-та седница, на која:

 

1. Го усвои Записникот од 241-та седница на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители.

2. Донесе Одлука за поништување на јавниот оглас за прием на 130 слушатели во почетна обука во Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев, за 2023-2024 година, објавен во ,,Службен весник на РСМ’’ број 19/2023. Оваа Одлука дополнително ќе биде објавена на веб страницата на Академијата за судии и јавни обвинители.

3. Изврши дополнување на листата на предавачи на Академијата за судии и јавни обвинители.

4. Под точка разно – Управниот одбор ја задолжи Академијата за судии и јавни обвинители да се обрати до Министерството за правда на РСМ заради донесување на измените и дополнувањата на Законот за Академија за судии и јавни обвинители.

Седницата заврши во 12.00 часот.