Програмскиот совет на Академијата за судии и јавни обвинители на 19 декември 2025 година, ја одржа 20та седница, со физичко присуство, на која:
- Беше усвоен Записникот од деветнаесетата седница на Програмски совет одржана на 13.11.2025 година;
- Беше разгледана предлог листа на пријави на предавачи како дополнување на постојната листа на предавачи на Академијата, и
- Разно: беа дискутирани предлог точки за следната седница, меѓу кои стана збор за разгледување на нови начини на оценување на предавачите во Академијата, начинот на евалуација, и методи за учење на возрасни, со што ќе се постигне поголем процент на ефикасност при спроведување на обуките кои ги организра Академијата.

