Известување за одржување 224-та седница на Управниот одбор на АСЈО

logo_asjo_news_mk

Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители на ден 25.11.2024 година (понеделник), ќе ја одржи 224-тата седница, на која предмет на разгледување ќе биде следниот предлог Дневен ред:

  1. Усвојување на записник од одржана 222-ра седница на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители.
  2. Усвојување на записник од одржана вонредна 223-та седница на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители.
  3. Именување на член на Комисија за ревизија на одржаните испити, по доставена номинација од Јавното обвинителство на РСМ број 03-792/1 од 20.11.2024 година.
  4. Именување на заменик член во Програмскиот совет на Академијата за судии и јавни обвинители по доставена номинација од Судскиот совет на РСМ број 03-2238/1 од 22.11.2024 година.
  5. Именување на заменик член на Комисија за завршен испит по доставена Одлука од Советот на јавните обвинители на РСМ број 02-130/2 од 21.11.2024 година.
  6. Именување на членови и заменици на членови на Комисија за завршен испит по доставена номинација од Судскиот совет на РСМ број 03-2104/2 од 22.11.2024 година.
  7. Разно.