Заменик директорот на Академијата, судија м-р Илир Исени учествуваше на Работилницата „Справување со говорот на омраза кај медиумските услуги и онлајн платформите“

logo_asjo_news_mk

На покана на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), заедно со Мрежата против говор на омраза во медиумите, заменик директорот на Академијата, судија м-р Илир Исени, во улога на член на работната група на Мрежата против говорот на омраза во медиумите, учествуваше на работилницата со наслов „Справување со говорот на омраза кај медиумските услуги и онлајн платформите“, која се одржа на 20 март 2024 година во просториите на АВМУ.

Реализацијата на оваа работилница е во рамките на ТВИНИНГ Проектот „Зајакнување на капацитетите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и на Јавниот радиодифузен сервис“.

Почетокот на работилницата го означија воведните обраќања на директорот на АВМУ, д-р Зоран Трајчевски и извршната директорка на Советот за етика во медумите во Македонија (СЕММ), г-а Билјана Георгиевска.

Говорот на омраза во медумите и онлајн платформите со осврт на иницијативите на меѓународно и национално ниво, новите правила на интернет – влијанието на Регулативата за дигитални услуги на ЕУ (ДСА) во борбата против горовор на омрза и како да се постигне усогласеност на онлајн платформите со регулативата за говор на омраза, беа темите на кои свои излагања имаа германските експерти од Федерално министерство за правда на СР Германија: д-р Александер Шафер, Клер Моселаж и д-р Нилс Шулте.

Работилницата се реализира во вистинско време имајќи предвид дека Република Северна Македонија е исправена пред изборен циклус каде најчесто се користи говорот на омраза, посебно на интернет платформите.