Академијата одржа стручно советување за физичка делба на заеднички имот

20251212_115504

Академијата за судии и јавни обвинители денес, 12 декември 2025 година, во своите простории реализираше стручно советување посветено на темата „Физичка делба на заеднички имот“. Настанот беше наменет за судии од граѓанските оддели, со цел унапредување на нивната стручна подготвеност во областа на стварното право.

Своите професионални искуства и стручни видувања на советувањето ги презентираа: м-р Катерина Георгиевска, судија на Врховниот суд на Република Северна Македонија, и судија Јасмина Шишковска Стојановиќ, претседател на Основниот суд Прилеп.

Фокусот на советувањето беше насочен кон практичните аспекти на постапката за физичка делба на заедничкиот имот, законската рамка утврдена со Законот за сопственост и други стварни права, како и релевантната судска пракса на Врховниот суд. Преку размена на знаења и примери од пракса, советувањето придонесе кон подлабоко и поконкретно разбирање на условите, постапките и предизвиците кои произлегуваат од оваа материја.

Настанот претставува уше еден чекор на Академијата во континуираното јакнење на професионалните капацитети на судиите и унапредување на примената на правото во граѓанската сфера.