Вести за Борбата против Тероризмот v2-SI (Demo)

На крајот на 2021 година, би сакале да Ви се заблагодариме за вашите огромни напори и работа  во водењето истраги и гонењето случаи поврзани со тероризмот. Во текот на годината, во Албанија, Косово и Северна Македонија се вратија странски терористички борци и членовите на нивните семејства од североисточна Сирија. На Косово без обвинети сите шестмина мажи, странски борци кои бе вратени во земјата, додека во Северна Македонија, обвинети и осудени беа двајца од мажите што беа вратени назад. Покрај тоа, во рамки на регионот се водеа истраги и кривични постапки за голем број други терористички случаи, неколку од донесените осудителни пресуди беа потврдени на крајот од жалбените постапки и најмалку еден можен напад беше спречен од страна на полицијата.

 

Борбата против тероризмот има огромно влијание и дава долгорочни резултати. Вашиот успех и способноста да ги истражувате и гоните овие случаи и покрај пандемијата, навистина импресионираат. Се надеваме дека во текот на празниците и на почетокот од идната година ќе имате можност да уживате во слободното време, кое навистина го имате заслужено.

Како наш последен билтен за годината, Ви нудиме преглед на практичните совети што Ви ги дававме во текот на изминатите изданија.

ВЕСТИ ЗА БОРБАТА ПРОТИВ ТЕРОРИЗМОТ

COUNTERTERRORISM NEWSLETTER

VIJESTI O BORBI PROTIV TERORIZMA

BULETINI KUNDËR TERRORIZMIT