(мкд) Работна посета во рамките на Проектот „Поддршка на правничкиот подмладок во Република Северна Македонија“ 10-16 Бон, Германија

Fatkeqësisht hyrja është e disponueshme vetëm në% LANG:,: dhe%. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in the alternative language. You may click the link to switch the active language.

Во рамки на соработката помеѓу Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев и Германската фондација за меѓународна правна соработка (ИРЗ), 12 кандидати за судии и јавни обвинители од VI генерација на Академијата во период од 10 до 16 ноември 2019 година се во посета на правосудните институции во Бон, Германија.

Имено, оваа посета се реализира како дел од активностите на Проектот „Поддршка на правниот подмладок во Република Северна Македонија“, а целта е овие млади идни судии и јавни обвинители кои ја поминаа програмата за почетна обука во Академијата да се запознаат со правосудниот систем на Германија и да усвојат нови знаења преку практични примери со кои ќе ги унапредат своите вештини.

Согласно изготвената Агенда од страна на ИРЗ кандидатите на Академијата ќе остварат посета на: Претседателството на полицијата во Бон, Дирекцијата за криминал на полицијата во Бон, Покраинскиот суд и Јавното обвинителство во Бон, а ќе учествуваат и на семинар посветен на судското право како и за граѓанското право и граѓанското – процесно право, каде ќе имаат можност да дискутираат на темата со судии од Покраинскиот суд и судии од Вишиот покраински суд во Келн.