(мкд) РАБОТИЛНИЦА на тема ,,Правила на докажување, со посебен осврт на методите и техниките на докажување во адверзијалната постапка’’

Fatkeqësisht hyrja është e disponueshme vetëm në% LANG:,: dhe%. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in the alternative language. You may click the link to switch the active language.

Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев, во соработка и со финансиска поддршка на Инструментот за техничка помош и размена на информации (ТАIEX) на Европската Комисија, организира работилница на тема ,,Правила на докажување, со посебен осврт на методите и техниките на докажување во адверзијалната постапка’’ .

 

Работилницата ќе се одржи во период од 10-11 декември 2019 година (вторник-среда) во хотел Мериот во Скопје, со почеток во 09:00 часот.

 

Работилницата ќе ја отвори проф. д-р Наташа Габер Дамјановска, директор на Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев. Предавач на работилницата ќе биде д-р Марин Мрчела, судија во Врховниот суд на Република Хрватска и претседател на Групата држави против корупција (ГРЕКО) на Советот на Европа.

 

Агендата согласно која ќе се одвива работилницата можете да ја преземете тука.

Материјалите кои ќе се користат на работилницата можете да ги преземете тука.