(мкд) ИЗВЕСТУВАЊЕ

Fatkeqësisht hyrja është e disponueshme vetëm në% LANG:,: dhe%. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in the alternative language. You may click the link to switch the active language.

Почитувани заинтересирани кандидати за VIII генерација во почетна обука на Академијата

Ве известуваме дека Јавниот оглас за прием на 97 слушатели во почетната обука на Академијата е објавен во Службен весник на РСМ бр.230 од 24.09.2020 година.

Рокот за пријавување во Академијата ќе започне да тече од 25.09.2020 година(петок) и ќе трае 15 дена, односно, последен ден за пријавување е 09.10.2020 година (петок).

Во прилог на потребните документи согласно законските прописи, за кои веќе Академијата извести на својата Веб страна, ќе биде потребно да доставите и пополнета пријава која можете да ја преземете на следниот линк:

Образец на пријава за прием во Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев

Во насока на почитување на мерките издадени од страна на Владата на Република Северна Македонија за заштита и спречување на ширење на вирусот Ковид 19, документите ќе можете да ги доставувате во ламела 2, по азбучен ред, согласно следниот временски Распоред.

Имено, пeток (24.09.2020 година) и понеделник (28.09.2020 година) своите документи ќе можат да ги достават сите оние кои беа пријавени на претходниот оглас, а нивните документи се во посед на Академијата. Во однос на овие заинтересирани кандидати Академијата во неколку наврати на својата веб страна извести и ги одговори сите прашања поврзани со комплетирањето на документацијата со цел да се избегнат гужвите

Во сите останати денови, почнувајќи од 29.09.2020 година (вторник) до 09.10.2020 година (петок) ќе можат да поднесуваат документи сите заинтересирани кандидати, вклучително и претходно споменатите, притоа, строго почитувајќи го распоредот објавен на нашата веб страна во рамки на ова известување.