TAIEX

ТАИЕКС е инструмент на ЕУ кој  претставува краткорочна теничка помош за земјите-кандидатки и потенцијалните кандати од Западен Балкан во областа на приближување, примена и спроведување на правото на ЕУ како и во надградбата на непоходната административна структура. ТАИЕКС се финансира од мултилатералната програма ИПА (Инструмент за претпристапна помош на ЕУ) по принципот „прв пријавен, прв услужен“.

Во 2003 година беше одржан иницијален состанокза соработка со земјите од процесот на стабилизација и асоцијација, со што официјално се отвори можност за користее на услугите на ТАИЕКС во Република Северна Македонија.

Можноста за користење на услугите на ТАИЕКС особено во делот на обезбедување на техничка помош при транспонирање и спроведување на законодавството на ЕУ, е од исклучително значење за Северна Македонија, Заклучно со 2006 година трошоците на ТАИЕКС Инструментот се покриваа од CARDS програмата, додека сета тие се целосно покриени од страна на ИПА фондовите, пришто институциите не сносат какви и да било дополнителни трошоци. Координатор на ТАИЕКС активностите во Северна Македонија е Секретаријатот за европски прашања.

Академијата е активно вклучена во дел од активностите на ТАИЕКС со кои е опфатено правосудството и во рамките на оваа соработка реализирани се 34 обуки со 1221 учесници, во период од 21-02-2013 до 20-10-2020 година.

International cooperation