(мкд) Објавување прелиминарна ранг листа од квалификацискиот тест и испитот (писмен и усмен дел)

Fatkeqësisht hyrja është e disponueshme vetëm në% LANG:,: dhe%. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in the alternative language. You may click the link to switch the active language.

Почитувани кандидати кој го полагавте испитот за прием во почетна обука за VIII генерација,

Ве известуваме дека Комисијата денес ја одржа 64та седница за што во прилог е следново известување од претседателот на Комисијата

Со почит,

Проф. д-р. Наташа Габер Дамјановска

Предмет: Известување од Комисијата за приемен испит

Комисијата за приемен испит на 64-та седница, одржана на 27.07.2021 година по завршување на постапката по приговори и по жалби по испитот (писмен и усен дел), изврши увид и проверка во бодирањето и вкупно освоените бодови. Врз основа на одлуките на Комисијата и Управниот одбор, Комисијата изврши увид и во корекцијата на бодовите, со што ја утврди следната прелиминарна листа од квалификацискиот тест и испитот (писмен и усмен дел).

Во интерес на транспаретноста, Комисијата ги објавува и прелимарните ранг листи по освоени бодови во досегашната фаза по заедници и тоа за Македонци, Албанци и останати заедници.

Воедно Ве известуваме дека, со објавувањето на оваа прелиминарна листа од испитот, се констатира завршување на управната постапка, односно нејзина конечност.

Во моментот по повод заведени тужби од кандидатите, тече управно-судската постапка, по чие правосилно завршување, Комисијата ќе утврди завршна оцена и ќе ја објави ранг листата на слушатели во почетна обука за VIII генерација.

Воедно, Ве известуваме дека Управниот одбор на ден 19.07.2021 годин, согласно член 9 и член 13 алинеја 21 од Законот за Академијата за судии и јавни обвинители („Службен весник на РМ број 20/2015, 192/2015 бр.231/15 и бр.163/2018) и согласно член од  42а од Статутот на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“  („Службен весник на РМ“ број бр.  56/2015, 205/2018 и бр.115/19) донесе одлука за утврдување на посебни квоти за припадниците на заедниците што не се мнозинство во Република Северна Македонија. Па така земајќи ги во предвид официјалните податоци добиени од Државниот завод за статистика, за процентуалната застапеност на заедниците кои не се мнозинство во Република Северна Македонија, согласно последниот попис на населението, па така од вкупниот огласен број за 97 слушатели на почетна обука, од кои покрај 62 слушатели кои се од редот на македонците, се определуваат:

-           24 слушатели од редот на кандидатите од албанската етничка заедница;

-           4 слушатели од редот на кандидатите од турската етничка заедница;

-           3 слушатели од редот на кандидатите од ромската национална заедница;

-           2 слушатели од редот на кандидатите од српската етничка заедница;

-           1 слушател од редот на кандидатите од влашката етничка заедница и

-           1 слушател од редот на кандидатите од бошњачката етничка заедница.

            Притоа согласно член 42а став 5 од Статутот на Академијата за судии и јавни обвинители, доколу во определените квоти не се јават доволен број кандидати кои ги исполнуваат законските услови или не го положиле приемниот испит, слободните места се пополнуваат од останатите кандидати кои ги исполнуваат условите според рангирањето на нивната завршна оценка, односно според успехот од конечната ранг листа.

Со почит,

Скопје, 27.07.2021 година Претседател,

Судија Лидија Каначковиќ

Вид на обука
Категорија