(мкд) Објавување на распоред за квалификацискиот тест

Fatkeqësisht hyrja është e disponueshme vetëm në% LANG:,: dhe%. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in the alternative language. You may click the link to switch the active language.

Почитувани кандидати пријавени на јавниот оглас за прием во VIII генерација слушатели во почетна обука,

 

Ве известуваме дека полагањето на квалификацискиот тест ќе се одржи во испитниот центар на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Во прилог го објавуваме и распоредот по групи за полагање за квалификацискиот тест.

Воедно, Ве известуваме дека на полагањето со вас треба да ја носите Вашата испитна шифра како и лична карта или друг документ за идентификација, како и заштитна маска, ракавици и да се придржувате до Протоколот за полагање од Министерството за здравство. Исто така, треба на полагањето треба да дојдете 30 минути пред терминот определен за полагање.

 

Доколку некој не може да ја пронајде својата шифра на распоредот, нека се обрати на некоја од следниве електронски адреси:

Секретар на Комисија за приемен испит  - Sanja.Pandilov@jpacademy.gov.mk

Заменик секретар на Комисија за приемен испит - David.Panov@jpacademy.gov.mk

Заменик секретар на Комисија за приемен испит – Petar.Kovacev@jpacademy.gov.mk

 

Ви посакуваме успех  во полагањето.

Со почит,

Академија за судии и јавни обвинители

Проф. др Наташа Габер Дамјановска

Вид на обука
Категорија