Одговор: За да се пријавите на јавниот оглас за прием во почетна обука за VIII генерација, кој ќе го распише Академијата, еден од условите е да докажете вкупен стаж на правни работи по полагање на правосуден испит издаден од Агенцијата за вработување на РСМ. Потврдата треба да биде во оригинал со печат и потпис од АВРСМ.