Почитувани, дали документите кои се доставени во архивата на Академијата за претходниот оглас и се подигнати од архивата на Академијата пред објавувањето на известувањето за новиот оглас, истите можат повторно да се поднесат и да се дополнат само со Лекарско уверение и Уверение за неизречена прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност, на денот на поднесување на новата пријава.

Fatkeqësisht hyrja është e disponueshme vetëm në% LANG:,: dhe%. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in the alternative language. You may click the link to switch the active language.

Одговор: Доколку документите се со важност и со нив се исполнуваат условите за пријавување на огласот, во тој случај истите може да се достават повторно. Документите на кои им е истечен рокот, како на пример: Лекарско уверение од медицина на труд (да не е постаро од 6 месеци) и Уверение за неизречена прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност (да не е постаро од 6 месеци) треба да се заменат со нови.