(мкд) Известување за обука

Fatkeqësisht hyrja është e disponueshme vetëm në% LANG:,: dhe%. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in the alternative language. You may click the link to switch the active language.

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во соработка  и со финансиска поддршка на Министерство за правда на САД, преку Канцеларијата на развој, помош и обука на обвинители (ОПДАТ),  организира онлајн обука на тема: „Меѓународна правна помош од Соединетите Американски држави.

Обуката е достапна од 14.10.2020 година, а наменета е за судии од кривични оддели, јавни обвинители и стручни соработници од  сите апелациони подрачја. Исто така обуката е достапна и за претставници на Министерство за внатрешни работи.

 

Обуката е разработена во три модули, и тоа:

Модул 1  – Фазата на кривичната постапка во кои САД може да пружат помош

Модул 2  -Основните типови  меѓународна правна помош

Модул 3  -Говор на омраза на спроти говор се смета за кривично дело

 

1.За да се приклучите на онлајн обука, потребно е да кликнете на следниов линк:

http://elearning.jpacademy.gov.mk/course/view.php?id=335

2. Откако ќе го отворите линкот, потребно е во полето User name да ја внесете Вашата меил адреса, а во полето Password  да ја внесете лозинката. По ова, ќе се отвори прозорец со табела во  која има  колона Course name. Од  понудените обуки во колоната треба да кликнете на оваа конкретна обука

3. Доколку имате проблем при најавувањето, слободно можете да ја контактирате Садифе Даути (Sadife.Dauti@jpacademy.gov.mk).

 

Воедно Ве информираме дека сите судии и јавни обвинители кои се  целна група на овие обуки и успешно ќе ја  поминат истата ќе им бидат засметани 2 дена поминати обука во континуирана едукација.