(мкд) Известување

Fatkeqësisht hyrja është e disponueshme vetëm në% LANG:,: dhe%. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in the alternative language. You may click the link to switch the active language.

Почитувани кандидати пријавени на јавниот оглас за прием во почетна обука 2019/2021 година.

Од причина што секојдневно се јавуваат кандидати дека не можат да се најдат на списокот за полагање поради несоодејствување на шифрите ве информираме дека не треба да се баратe по архивскиот број. Како што ви е веќе познато, при подигнување на пријавите ви беше поделена испитна шифра, под која ќе ги полагате сите испити. Истата се наоѓа на задната страна од примерокот кој го добивте како подврда за прием на вашате пријави. Шифрите се во следниов формат 1605/XXXXX. Со цел избегнување на дополнителни проблеми на денот на полагањето задолжително носете го примерокот со вас.

 

За сите дополнителни информации слободно контактирајте не.

 

 

Со почит,

 

    Проф. д-р Наташа Габер Дамјановска

     Директор на Академијата за судии

                и јавни обвинители

                  ПАВЕЛ ШАТЕВ