Ве известуваме дека резултатите од спроведениот психолошки тест ќе бидат објавени на веб страната на Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев, веднаш откако истите ќе бидат прегледани. Воедно, Ве известуваме дека Академијата нема информација во однос на методологијата на оценување на тестовите како и во однос на динамиката на прегледување на психолошките тестови бидејќи истите се прегледуваат од страна на стручни лица од независна и целосно акредитирана професионална институција.
Ги замолуваме сите кандидати кои имаат прашања поврзани со одржаниот психолошки тест, како и во врска со одржувањето на претстојниот тест за интегритет, да ја следат веб страната на Академијата, на која веднаш по добивањето ќе бидат објавени сите информации.
Со почит,
Академија за судии и јавни обвинители Павел Шатев
Директор
Проф. д-р Наташа Габер Дамјановска