(мкд) ОБУКА на тема ,,Компјутерски криминал, електронски докази и онлајн приноси од криминал

Fatkeqësisht hyrja është e disponueshme vetëm në% LANG:,: dhe%. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in the alternative language. You may click the link to switch the active language.

Академијата за судии и јавни обвинители ,,Павел Шатев” во рамките на регионалниот проект на Совет на Европа за изградба на капацитети за борба против  криминал преку интернет (iPROCEED) организира воведен модул на обука за судии и јавни обвинители на тема ,, Компјутерски криминал, електронски докази и онлајн приноси од криминал.

Вториот дел од обуката ќе се одржи на 29-30 октомври 2019 година во хотел Милениум Палас во Охрид.

Обучените претставници од Република Северна Македонија имаат обврска по завршување на обуката на обучувачи на оваа тема која се одржа во месец април 2019 година, лично да спроведат обуки на национално ниво, со поддршка од меѓународен експерт ангажиран од Совет на Европа.

Обучувачите кои ќе ја спроведат оваа обука се: м-р Катерина Јовановска, началник на одделението за дигитална форензика во МВР, г-а Ана Гоговска Јакимовска и г-а Искра Хаџи Василева, јавни обвинители во Основно јавно обвинителство Скопје, г-а Маја Јованова, Раководител на одделот за ИТ, Управа за финансиско разузнавање, г-а Ленка Давиткова, судија во Основен суд Скопје 1 и г-а Лејла Кадриу, јавен обвинител во Основно јавно обвинителство Тетово.

Целта на оваа обука е судиите и јавните обвинители да се стекнат со воведно ниво на знаење за компјутерски криминал, електронски докази и пребарување, заплена и конфискација на приноси од интернет криминал. Обуката ќе вклучи правни и практични информации за материјата која ќе се разработува и ќе се концентрира на тоа како овие прашања влијаат врз секојдневната работа на судиите и јавните обвинители.

 

Агендата согласно која ќе се одвива обуката можете да ја преземете Тука.