СОВЕТУВАЊЕ на тема: „Водење на кривична и казнена евиденција“

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев организира онлајн советување на тема: „Водење на кривична и казнена евиденција“, кое ќе се одржи на 06 април 2021 година (вторник) на веб платформата на Академијата-насловена како ЛМС/Е-учење, со почеток од 11:00 часот.

Советувањето е наменето за судските службеници од кривичните оддели од сите апелациони подрачја.

Предавач на советувањето ќе биде г-а Сузана Варналиева, судски администратор во Основен суд Велес.

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

Работните материјали кои ќе бидат користени на советувањето можете да ги преземете тука.

 

За повеќе информации поврзани со советувањето Ве молиме обратете се на следната е-маил адреса: Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk.