СОВЕТУВАЊЕ на тема: „Процесно правни аспекти при одземање на родителско право и продолжување на родителско право по полнолетство“

             Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев организира онлајн советување на тема: Процесно правни аспекти при одземање на родителско право и продолжување на родителско право по полнолетство“, кое ќе се одржи на 6 мај 2021 година (четврток) на веб платформата на Академијата-насловена како ЛМС/Е-учење, со почеток од 11:00 часот.

                Советувањето е наменето за судиите од граѓанските оддели од сите апелациони подрачја.

Предавачи  на советувањето ќе бидат д-р. Милица Шутова, Доцент на катедра по граѓанско право при Универзитетот „Гоце Делчев“, Штип,  и  д-р Дејан Мицковиќ, Професор на катедра по граѓанско право на правниот факултет „Јустинијан Први“, Скопје.

                Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

Работните материјали кои ќе се користат на советувањето можете да ги преземете тука.

Презентација 6 мај Милица Шутова

Презентација 6 мај Дејан Мицковиќ

                За повеќе детали поврзани со советувањето Ве молиме обратите се на следната е маил адреса: Gordana.Lazarevska@jpacademy.gov.mk или на телефон 02/ 2401-578.