Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема „Парични побарувања по сите основи од работен однос (плата, надоместоци од плата и надомест на штета) и конкурентска клаузула“, кое ќе се одржи на 18 декември 2019 година (среда), во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители, со почеток во 10:00 часот.
Советувањето е наменето за судии од граѓански оддели и стручни соработници од сите апелациони подрачја и адвокати.
На советувањето излагања ќе имаат м-р Санде Зиков, судија на Апелационен суд Скопје и г. Зоран Гичев, адвокат.
На советувањето ќе бидат опфатени следните теми:
- Парични побарувања по сите основи од работен однос (плата, надоместоци од плата и надомест на штета); Судска заштита и практика
- Конкурентска забрана
ПРОГРАМАТА согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете Tука.
РАБОТНИ МАТЕРИЈАЛИ: