РАБОТИЛНИЦА на тема: ,,Меѓународна соработка и заемна правна помош при враќање на средства’’

Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев во соработка со ОБСЕ а во рамки на проектот ,,Зајакнување на борбата против транснационалниот организиран криминал во Југоисточна Европа преку подобрена регионална соработка во заплена на средства, конфискација, управување и повторно користење’’ организира тридневна онлајн работилница на тема: Меѓународна соработка и заемна правна помош при враќање на средства, која ќе се одржи во период од 20-22 јануари 2021 година (среда-петок), со почеток од 10:00 до 13:00 часот.

Работилницата е наменета за судии од кривичните оддели и јавни обвинители од сите апелациони подрачја.

 

Програмата согласно која ќе се одвива работилницата можете да ја преземете тука.

Материјалот кој ќе се користи на советувањето можете да го преземете тука.

 

Информации за пристап до платформата преку која ќе се реализира работилницата ќе бидат испратени дополнително.