Презентација на Стратегиите за човечки ресурси за судството и јавното обвинителство на Република Северна Македонија

Денес (20.12.2019 година) во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев, како дел од активностите на Проктот „Поддршка на реформите во правосудниот систем“ кој е финансиран од Европската унија а имплементиран од страна НИРАС/ПЛАНЕТ, се одржа работилница за презентацијата на стратегиите за човечки ресурси за судството и јавното обвинителство во Република Северна Македонија.

Имено, главната цел на проектот е да се оддржи имплементацијата на Стратегијата за реформа на судскиот сектор и Акцискиот план, во однос на независноста, ефикасноста и квалитетот на работата на судиите и јавните обвинители, како и подобрување на администрирањето на правдата и зајаканување на капацитетот на главните институции.

На денешната работилница странските експерти и националните судии и јавни обвинители дискутираа за предностите и слабостите со кои се соочуваат судовите и јавните обвинителства.

На работилницата присуствуваше и директорот на Академијата, проф.д-р Наташа Габер Дамјановска.

Позитивно е тоа што навистина се работи на отстранување на слабостите, во судството е можби таа волја поизразена. Сепак, странските експерти нотираат недостаток на човечки ресурси во правосудството споредено со земјите на ЕУ, индикатори за учникот, како и фактот дека ниту судството ниту обвинителствата немаат соодветни системи кои ќе дадат релавантни податоци. За пример беа посочни податоците со кои располагаат јавните обвинителства каде при нивна анализа се воочени разлики.

Нарушена е перцепцијата на граѓаните во правосудниот систем, односно, довербата не е на нивото на кое треба да биде.

Потребни се промени за да се подобри генералната слика за правосудниот систем, потребно е јакнење на човечките капацитети како и подигнување на нивната свест за промените кои треба да се случат. Потребна е подбора организациска поставеност, посебно во јавните обвинителства со цел поефикасно процесуирање на предметите.

Според експертите, политичката ситуација и немањето на независен финансиски буџет се само дел од факторите кои влијаат врз унапредувањето на правосудниот систем во нашата држава.