ОНЛАЈН СОВЕТУВАЊЕ на тема: „Примена на Законот за судска служба во делот на водење на дисциплински постапки“

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев организира онлајн советување на тема: „Примена на Законот за судска служба во делот на водење на дисциплински постапки“, кое ќе се одржи на 07 мај 2021 година (петок) на веб платформата на Академијата-насловена како ЛМС/Е-учење, со почеток од 11:00 часот.

Советувањето е наменето за судските администратори и стручните соработници од сите апелациони подрачја.

Предавачи на советувањето ќе бидат г-н Сашо Темелкоски, судски администратор во Основен суд Прилеп и г-н Борче Мирчески, судски администратор во Основен суд Охрид.

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

Работните материјали согласно кои ќе се одвива советувањето можете да ги преземете тука.

За повеќе информации поврзани со советувањето, Ве молиме да се обратите на следната е-маил адреса: Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk или на телефонскиот број 02/2401-572.