Онлајн презентација на правна анализа ,,Правата на жртвите на трговија со луѓе во судските постапки’’

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во соработка и со финансиска поддршка на заедничката програма на Европската унија/Советот на Европа ,,Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција-фаза II ” организира онлајн презентација на правна анализа ,,Правата на жртвите на трговија со луѓе во судските постапки’’, која ќе се одржи на 17 март 2021 година (среда), со почеток во 13:30 часот.

 

На настанот ќе учествуваат судии и јавни обвинители од сите апелациони подрачја.

Програмата согласно која ќе се одвива онлајн настанот можете да ја преземете тука.

 

Линк преку кој може да пристапите на Bluejeans платформата и да ја следите презентацијата: https://coe.bluejeans.com/4213121003

 

За дополнителни информации Ве молиме обратете се на следениот e-mail: Sonja.Mojsovska@jpacademy.gov.mk, или на тел.02/2401-568.