Онлајн обука на тема ,,Зајакнување на правосудниот систем во борбата против корупцијата и конфискација на имот’’

                Во рамки на проектот ,, Јакнење на капацитетите на институциите во борбата против корупцијата, Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев во соработка со Trsansparency international и УСАИД организираат онлајн обука на тема: ,, Зајакнување на правосудниот систем во борбата против корупцијата и конфискација на имот’.

                Онлајн обуката ќе се реализира на 11 јуни 2021 година (петок), на платформата ЗООМ, со почеток во 10:00 часот.

                Излагања поврзани со темата на обуката ќе имаат: Г-дин Нури Бајрами, член на Државната комисија за спречување на корупција, Г-ѓа Фатиме Фетаи, Јавен обвинител во Вишо јавно обвинителство- Скопје, Г-ѓа Софка Пејовска Дојчиновска, член на Државната комисија за спречување на корупција и Г-дин Ристо Бојаџиски, Јавен обвинител во Јавно обвинителство- Штип.

 

                Програмата согласно која ќе се одвива онлајн обуката можете да ја преземете тука

За да пристапите на платформата и да ја следите обуката кликнете на следниот линк:

Join Zoom Meeting

 https://zoom.us/meeting/register/tJArcOmvpzgtGtJwTJH2sqRMKdKsYxUlzrrQ