ОНЛАЈН ОБУКА на тема: „Зајакнување на капацитетите за буџетско планирање и финансиско управување“

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2021 година организира онлајн обука на тема „Зајакнување на капацитетите за буџетско планирање и финансиско управување“, која ќе се одржи на 19 март (петок) 2021 година, преку ЛМС веб платформата на Академијата.

 

Обуката е наменета за претседатели на судови и членови на Судскиот совет на Република Северна Македонија.

 

На обуката на присутните ќе им се обратат г-ѓа Злата Попова, претседател на Основен суд Гевгелија и г-ѓа Силвија Јаневска, државен советник во Судски совет на РСМ.

           

Линк и инструкции за најавување на обуката ќе бидат доставени до учесниците.

 

Програмата согласно која ќе се одвива обуката можете да ја преземете тука.

Дел од материјалите за обуката можете да ги преземете тука:

Изменување на ЗСБ 2006

Изменување на ЗСБ 2008

Изменување на ЗСБ 2010

Закон за судскиот буџет 2003

 

За дополнителни информации можете да се обратите на следната е-mail адреса sadife.dauti@jpacademy.gov.mk