Онлајн курсот ХЕЛП на темата Вовед во Европската конвенција за човекови права и Европскиот суд за човекови права започнат во Северна Македонија

Како резултат на долгогодишната соработка помеѓу Академијата за судии и јавни обвинители со ХЕЛП Програмата за правни професионалци на Совет на Европа, 60 кандидати за судии и јавни обвинители во Северна Македонија учествуваа во отпочнувањето на курсот на Програмата ХЕЛП на Советот на Европа на темата Вовед во Европската конвенција за човекови права (ЕКЧП) и Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) на 2 септември 2020 г.

Овој онлајн ХЕЛП курс се спроведува во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители на Република Северна Македонија („Академијата“) и е задолжителен во програмата за почетна обука на Академијата.

Текстот во целост можете да го прочитате на следниот линк: https://www.coe.int/mk/web/skopje/-/help-online-course-on-introduction-to-the-european-convention-on-human-rights-launched-in-north-macedonia