ОБУКА НА ТЕМА: Напредни вештини за интервјуирање и испитување

Академијата за судии и јавни обвинители ,,Павел Шатев” пристигна покана од Амбасадата на САД и Меѓународната програмата за помош и обуки при водење на кривични истраги (ИЦИТАП) при Одделот за правда на САД и Одделот за борба против наркотици при Европската команда на САД (ЕУКОМ) организираат еднонеделна обука  на тема: Напредни вештини за интервјуирање и испитување.

 Обука ќе се одржи во период ќе се одржи на  16-20 декември 2019 година, во Скопје.

 Целта на оваа обука е да се подобрат вештините на полицијата и јавните обвинители за интервјуирање и испитување на жртви, сведоци и осомничени преку набљудување на говорот на телото, со цел да се утврди дали лицето ја зборува вистината кога одговара на прашањата. Еден од поважните аспекти на оваа обука ќе биде учесниците да се стекнат со знаење како да прават разлика помеѓу интервјуто и испитувањето.

Агендата согласно која ќе се одвива оваа обука можете да ја преземете Tука.