О Б У К А КРИМИНАЛ ОД ОМРАЗА 5-6 декември 2019 година

Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев , Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права и Јавното обвинителство на Република Северна Македонија на 23 мај 2019 година потпишаа Меморандум за соработка во чии рамки се реализира обуката посветена на темата: Криминал од омраза, која ќе се одржи на 5 и 6 декември 2019 година.

Како дел од активностите опфатени со Меморандумот, во месец мај беше организирана првата обука за обучувачи за криминал од омраза на која 11 јавни обвинители се стекнаа со сертификати за обучувачи кои имаат обврска да спроведат обука на навевдената тема.

Значајно е да се истакне дека согласно обврските кои произлегоа од потпишаниот Меморандум Академијата формираше национална работна група во која покрај претставник од Академијата има претставници и од: Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, Министерството за правда на Република Северна Македонија, Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија,Канцеларијата на народниот правобранител на Република Северна Македонија, Хелсиншкиот Комитет и Канцеларијата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Националната работна група е задолжена да ја следи имплементацијата на обврските содржани во Меморандумот преку организација на редовни состаноци.

Во период од една година, предвидените активности ќе завршат по што Академијата ќе биде оспособена самостојно да организира обуки поврзани со криминалот на омраза на кои свои излагања ќе имаат обучувачите кои беа обучени во рамките на Програмата PAHCT.

Имено, PAHCT-(Prosecutors and Hate Crimes Training) е програма наменета за јавните обвинители која е дизајнирана да го подобри постапувањето на обвинителите кон криминалот од омраза. PAHCT е прилагодена  на потребите и искуствата на секоја земја во која се применува. Програмата е кратка, компактна и флексибилна. Дизајнирана е за да може да се интегрира во постоечките напори за обука и да ги привлече локалните ресурси

Стандардниот курикулум на PAHCT е адаптиран на контекстот на криминалот од омраза во секоја земја согласно законите и процедурите за кривичната правда.  Програмата најдобро се имплементира во соработка со институциите наменета за обука на обвинителите и јавните обвинителства. PAHCT програмата може да се реализира како обука за обучувачи или преку директни повеќедневни обуки за обвинителите. Обуката за обучувачи трае три дена, додека типичната директна обука се реализира во времетраење од ден и половина.

Примарно придобивки од рализацијата на оваа Програма имаат јавните обвинители но судиите и припрадниците на Министерството за внатрешни работи исто така можат да имаат корист од учеството во оваа Програма.

Повеќе корисни информации за програмата PAHCT како и публикации поврзани со криминалот од омраза можете да најдете на Веб страната на Мисијата на ОБСЕ на следниот линк. https://www.osce.org/odihr/guides-related-to-hate-crime