Нов закон за заштита на личните податоци-Колку  ќе се применува во пракса?

Новиот Закон за заштита на личните податоцинеговото усогласување со Општата уредба за заштита на податоците на ЕУ, подобро позната како GDPR; како и влијанието на овие процеси врз граѓанските организации беа главните теми на онлајн дискусијата која ја организираше Граѓанскиот ресурсен центар. Фрејк Јанмат, претставник на Делегацијата на Европската унија, во својот воведен говор ја издвои Уредбата како документ кој го задоволува најпрогресивниот и највисокиот правен стандард за заштита на податоци. Таа е одговор на модерниот дигитален свет и инспирираше други слични уредби и закони низ светот.

 

Наташа Габер Дамјановска, директор на Академијата за судии и јавни обвинители, се осврна на тоа како нашиот нов Закон за заштита на лични податоци се усогласува со европската регулатива. Таа потенцираше дека новиот закон е прилично обемен, но останува да се види како новата законска рамка постепено ќе воспостави соодветна пракса. „Потребно е внимателно, детално и макотрпно работење на државните органи за да се обезбеди ефикасно работење на институциите, но од друга страна потребно е разумно и лимитирано навлегување во приватноста на граѓаните. Прашањето во кои случаи би преовладал јавниот или приватниот интерес, ми изгледа доста избалансирано во новиот закон“, појасни Дамјановска.

Текстот во целост можете да го прочитате на следниот линк: